Зеленски: Европа треба да биде дел од преговорите за прекин на руската инвазија
„Европа треба да биде дел од преговорите за прекин на руската инвазија“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Неговата реакција доаѓа откако Москва соопшти дека претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во наредните денови.
По телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски напиша:
„Војната се води во Европа, а Украина е неразделен дел од Европа – ние веќе водиме преговори за приклучување кон ЕУ. Затоа Европа треба да учествува во соодветните процеси.“

