(Видео) Маратон со „Коридор 8“: Како каков се изјаснувал Глигор Прличев?
Синоќа македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“ имаше две епизоди. Епизодата 244 беше редовна и во истата маестро Христо Христов, потомок на Гоце Делчев, внесе малку повеќе светлина околу неговиот заеднички повик со г-ѓа Елисавета Шапкарева до премиерот Мицкоски, да не се користат имињата на бугарските преродбеници и револуционери од Македонија за политички цели.
Покана за учество во таа епизода беше испратена и до проф. д-р. Елка Јачева-Улчар, но таа одби дури да одговори на поканата.
Во вонредната 245 епизода на подкастот, проф. д-р Иван Д. Иванов покажа повеќе делови од автобиографијата на големиот бугарски преродбеник од Македонија Глигор Прличев. Токму во тие делови, Прличев јасно се изјаснува како Бугарин и го нарекува својот мајчин јазик бугарски.

