Желјазков: Праведен и траен мир не може да се постигне без Украина и ЕУ
Бугарскиот премиер Росен Желјазков порача дека праведен и долготраен мир е невозможен без учество на Украина и Европската Унија, јавува БГНЕС.
„Во денешниот видеоконференциски разговор дискутиравме за претстојната средба во Алјаска. Ќе продолжиме да работиме во тесна соработка со САД, како и со претседателот Володимир Зеленски, за да се постигне мир во Украина, долгорочна стабилност, безбедност и просперитет“, напиша Желјазков на својот профил на социјалната мрежа Х.
Според него, меѓународната координација и заедничките дипломатски напори се клучни за ставање крај на војната и обезбедување стабилна иднина за регионот.
