|

Обвинението за пожарот во „Пулс“ под лупа на Кривичниот суд

Обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се наоѓа во фаза на оценка, соопштија од Основниот кривичен суд – Скопје. Од судот информираат дека досега се доставени вкупно 40 приговори од страна на обвинетите и нивните бранители. „Приговорите се проследуваат до обвинителството“, додаваат од институцијата.

Во моментот Советот за оценка ги разгледува сите приговори, по што ќе следи одлука. „Јавноста ќе биде известена навремено“, посочуваат од Кривичниот суд. Во обвинението се опфатени 37 физички и правни лица.



Слични Објави