|

Утре конечна листа на експертите за испитување на тоа дали во приватни болници се вршеле непотребни операции

До утре треба да биде комплетирана листата на странски експерти кои ќе утврдуваат дали во приватните болници се вршеле непотребни операции. Како што потврди министерот за здравство Азир Алиу за ТВ 24, веќе е одлучено еден експерт да биде од Словенија, друг од Италија, а третиот ќе биде одбран меѓу кандидати од Австрија или Германија. „Очекувам веќе утре да ја имаме конечната листа со имињата на експертите,“ изјави Алиу.

Телевизијата дополнително објави дека утре се очекува и средба на министерот Алиу со кардиологот Сашко Кедев, кој прв ги изнесе наводите за медицински неоправдани интервенции во приватни клиники.

Во меѓувреме, Министерството за здравство подготвува допис со кој од 15 септември сите приватни здравствени установи ќе бидат обврзани редовно да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции.



Слични Објави