|

ВМРО-ДПМНЕ: За една година изградени и пуштени во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат

Македонија интензивно и засилено се гради во сите делови на државата, а само за една година се реализирани крупни капитални инфраструктурни проекти кои ја трансформираат земјата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, изградбата на големите патни решенија значително го подобрила и забрзала патниот сообраќај, граѓаните побрзо и побезбедно стигнуваат до своите дестинации, а тоа има позитивно влијание и врз економијата.

Во изминатата година се завршени и пуштени во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат. Завршени се двете делници од експресниот пат Градско–Фариш (25,7 км), како и делницата Страцин–Крива Паланка (25,5 км), дел од експресниот пат Куманово–Крива Паланка.

Исто така, со интензивирање на градежните активности е изграден и пуштен во употреба делот Врбјани–Ботун, долг 20 километри, кој е дел од автопатот Кичево–Охрид. Многу скоро ќе биде пуштена во употреба и уште една делница, а целиот автопат ќе биде готов до крајот на 2026 година.

Паралелно со овие проекти, во тек е изградба и на автопатиштата Тетово–Гостивар и Прилеп–Битола, кои се очекува да бидат завршени и пуштени во употреба во 2027 година.

„Со ова темпо на градење, во следните неколку години државата ќе биде целосно поврзана со експресни патишта, а автопатската мрежа ќе биде завршена и ставена во функција. Македонија се трансформира и развива, а промените ги гледаат и чувствуваат граѓаните на дело,“ се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави