Отворена нова делница од автопатот Кичево – Охрид
Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, денеска официјално пуштија во употреба нова делница од автопатот Кичево – Охрид.
Трајановски им изрази благодарност на изведувачите и потсети дека на трасата „се работело и дење и ноќе“ за да се заврши на време, со изградени и пристапни патишта кон населените места.
„Автопатот Кичево – Охрид е од стратешко значење за нашата земја, главна артерија за поврзување на југозападна Македонија со остатокот од државата и со Охрид. Со овој автопат Охрид и целиот регион добиваат нова енергија за развој, нови шанси за туризмот, нова перспектива за економијата,“ изјави премиерот Мицкоски.
Со отворањето на делницата, се очекува полесна и побезбедна врска на регионот со останатите делови од државата и поттик за локалниот економски и туристички развој.
