Зошто ДПМНЕ не сака почеток на преговорите со ЕУ?
Илија Стојановски
Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ не е „националниот идентитет“. Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е дали ќе земе провизија од тоа што им помагаат на Вучиќ и СНС да си ги перат парите во Македонија.
А ако Македонија почне да се доближува кон Брисел, парите на Вучиќ вложени во Македонија нема да можат да се трошат. Претпоставувам дека станува збор за огромни пари, штом ВМРО-ДПМНЕ ја лишува цела држава од евроинтеграциите на Македонија и го става народот како заложник на нивните лични интереси.

