|

Грците и ние… Статија на Евтим Спространов

Евтим Спространов со статија за грчкото отфрлање на Договорот за заштита на малцинствата, српските претензии кон Егејска Македонија и тешката состојба на бегалците:

„Грци, сакате ли да се спасите од нови погроми? Повикајте пак да дојде Шарли во Тракија! Повикајте друг Шарли за Македонија. Побарајте границите да се вратат на нивните природни места, каде што беа. Отворете ги патиштата, за да се вратат сите немилосрдно протерани во своите родни места. Турци, Бугари, Грци, Власи, Албанци живееја со векови заедно. Ако не беше желбата на Турците да нè разделат и да нè турнат во борба меѓу нас за да нè владеат, и желбата на патријаршијата да ги погрчи сите христијани без разлика на народност, тие народносни елементи ќе се обединеа во национални малцинства под знамето на Турција и ќе заживееја како добри пријатели, добри соседи и добри луѓе. Зар тоа не е возможно и сега? Возможно е, доволно е да дојдат до тоа убедување и до таа свест самите Грци. И, наместо знамето на Турците, ќе се издигне знамето на Друштвото на Народите. Ете каде лежи спасението на Грција и мирот на Балканот. Ќе ја разберат ли таа вистина Грците и Србите?“

Евтим Спространов от Охрид, Вардарска Македония – “Гърците и ние”, публикувано във в-к “Илинден”, год. V, бр. 8, София, 20 февруари 1925 година



Слични Објави