ХАН: СУДСКИОТ СИСТЕМ МОРА ДА РАБОТИ СПОРЕД ПРАВИЛАТА
Комисарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан за време на заедничката прес-конференција со премиерот Заев истакна дека судскиот систем мора да работи според правилата, а владеењето на правото да важи за сите, без разлика на нивната позиција во општеството.
Премиерот Заев ја искористи приликата да се пофали дека преземените мерки околу случајот „Рекет“ е токму доказ дека правдата не е селективна и не прави разлика дали се работи за сопственик на медиум или државен функционер

