Вечерва две бугарски претстави на Меѓународниот театарски „Скупифестивал“ во Албанскиот театар во Скопје
Вечерва бугарскиот театар ќе се претстави пред скопската публика со две претстави во рамките на 19-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“.
Со почеток од 19 часот, во Албанскиот театар во Скопје ќе се одржи перформансот „X“ од независниот театар Јалта Арт Рум од Софија, автор и режија на Бојан Крачалов, во интерпретација на Васил Дуев – Туиг.
На истата сцена во 20:30 часот ќе се одигра претставата „Медеа“ од Еврипид од Народен театар „Иван Вазов“ – Софија, во режија на Деклан Донелан, а улогите ги толкуваат Радина К’рџилова, Велислав Павлов, Валентин Ганев, Асен Данков, Јавор В’лканов, Стелиан Радев, Вера Табакова, Радена В’лканова, Жорета Николова, Стефанија Колева, Елена Иванова, Надја Керанова, Ана Пападопулу и две деца – актери.
Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“ ќе трае до 4 октомври. Годинава, 19-то издание по ред се одржува под мотото „На крајот, секоја маска мора да падне“.
