Проданоски со визија за модерен Прилеп – нови обиколници, градинка и паркови
Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, најави амбициозна развојна програма за следниот четиригодишен мандат, со конкретни проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата, урбаното уредување и квалитетот на живот на граѓаните.
Проданоски најави целосно чистење и партерно уредување на Градската река во Прилеп по целата нејзина должина, со изградба на кејски ѕидови, пешачки патеки и урбана опрема. Проектот, според него, ќе придонесе кон естетско и еколошко унапредување на градот.
Еден од стратешките приоритети е и изградбата на источна и западна обиколница, со што, како што посочи Проданоски, ќе се растерети сообраќајот во централното подрачје и ќе се обезбеди побрз и побезбеден транзит на товарните возила.
Во програмата се предвидува и нова детска градинка во урбаната заедница „Рид“, која ќе се гради на површина од 2.000 квадратни метри, како и реализација на проектот „Градина“, што вклучува комплетна инфраструктура за нова модерна населба и изградба на два нови парка.
„Имаме јасна визија – Прилеп да продолжи да се гради и да стане град со современи решенија и квалитетен живот за сите“, истакна Проданоски, најавувајќи дека во следниот мандат ќе се фокусира на одговорно и транспарентно управување со општината.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат масовно на гласање и да ја поддржат програмата на Проданоски и советничката листа на партијата.
„Заокружи број 9 – за реални проекти, посветено работење и сигурна иднина на Прилеп,“ се наведува во пораката на изборниот тим.
