Ружин: Пораката на фон дер Лајен е јасна, ако не ги спроведеме уставните измени нема да мрднеме од оваа ситуација
Додeкa не се реши прашањето со Уставот, немаме никаква можност да мрднеме од оваа ситуација. Не треба да сте голем експерт за да констатирате дека нашиот проблем е Европската Унија, а не Бугарија, бидејќи ние имаме заклучен договор со Европската Унија. Ова за Фронтлајн го изјави професорот Нано Ружин, како коментар на пораката на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбите со државниот врв на земјата.
Фон дер Лајен преку социјалната мрежа X порача дека ЕУ стои позади Република Северна Македонија и дека уставните измени треба да се спроведат за да се започнат преговорите за влез во Унијата. Фон дер Лајен беше повеќе од јасна дека „топката“ е во теренот на Република Северна Македонија.
„Додeкa не се реши прашањето со Уставот, немаме никаква можност да мрднеме од оваа ситуација. Не треба да сте голем експерт за да констатирате дека нашиот проблем е Европската Унија, а не Бугарија, бидејќи ние имаме заклучен договор со Европската Унија. Можеме сега да правиме разни формулации, да истакнуваме, да бараме кривци, да ги критикуваме позициите на оние коишто го склучиле договорот. Но, факт е дека во овој миг, единствено што ни останува како држава доколку имаме желба да почнеме со преговорите, а тоа е да се промени Прембулата на Уставот и да се внесат они неколку етнички заедници, коишто се идентификуваат како такви, а коишто не се внесени во Уставот“, изјави Ружин за Фронтлајн.

