|

Без гласање во четири општини поради недоволна излезеност во првиот круг

Денеска нема да се спроведе гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, бидејќи во првиот круг од локалните избори излезеноста беше под законскиот минимум од една третина од запишаните гласачи.

Според податоците од првиот круг, во Гостивар гласале 33,31% од избирачите, во Маврово и Ростуше 30,31%, во Врапчиште 25,18%, а во Центар Жупа 21,49%.

Согласно Изборниот законик, изборниот процес во овие општини ќе се повтори во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од локалните избори.

Во меѓувреме, денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот излезноста изнесува 2,88 проценти.

Слични Објави