Одѕивот до 9 часот – 2,88 отсто, гласањето тече без проблеми
До 9 часот во вториот круг од локалните избори гласале 22.379 граѓани, односно 2,88 отсто од избирачите, информира претседателот на ДИК, Борис Кондарко. Во Град Скопје, одѕивот за градоначалник изнесува 2,46 отсто.
Кондарко истакна дека сите гласачки места се навреме и уредно отворени, а гласањето се одвива мирно и без проблеми. Единствен краток застој имало во Дојран, поради технички проблем со уред за биометриска идентификација, кој бил брзо решен.
ДИК најави дека во текот на денот ќе ги посетува избирачките места и општинските комисии без претходна најава, како и дека по 19 часот ќе следи дел од броењето на гласовите за поголема транспарентност. Следната прес-конференција е закажана за 11:30 часот, а првичните резултати ќе бидат објавени по 20 часот.
