ФИЛИПЧЕ: ОД 14 МАЈ ГРЧКАТА ГРАНИЦА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Oд 14 мај македонските државјани ќе можат да ја посетуваат Грција соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

loading...

Филипче утрово разговарал со грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, за да ги договорат деталите за отворање на границата.

„Ме извести дека двата гранични премина, Евзони и Дојран, ќе бидат отворени на 14 мај за македонските граѓани, но ќе биде задолжителна потврда за вакцинација или негативен тест“, рече министерот Филипче.



loading...

Министерот Филипче нагласи дека очекувањата се да се отвори границата доколку не се случи нешто што би ја влошило сегашната состојба.