АВСТРИСКИ „СТАНДАРД“: ДЛАБОКИОТ ПАД НА ЧАРЛИЕВИТЕ АНГЕЛИ
Тие беа симбол на надежта, иднината, правдата, а од пред некој ден станаа најголемото разочарување. Ова е заклучокот на австрискиот весник Стандард кој денеска објавува анализа за случајот „Рекет“ и неговите последици врз специјалната обвинителка Катица Јанева и целото СЈО.
„Катица Јанева, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, кое беше формирано во 2015 година, за да расчисти со стариот корумпиран систем во Северна Македонија, од пред некој ден е најголемото разочарување во малата земја во Југоисточна Европа. Сомнежот е дека таа интервенирала во еден случај за многу пари. Во меѓувреме, таа поднесе оставка,“ пишува Стандард. Повеќе прочитајте на DW.
