Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој
Кандидатот за градоначалник Ружински најави дека рехабилитацијата на регионалниот пат Берово–Струмица ќе биде еден од клучните приоритети за економски развој на регионот.
„Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот. Со години е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки“, изјави Ружински.
Тој истакна дека во соработка со Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ ќе се пристапи кон целосна рехабилитација на патниот правец, што подразбира темелна обнова на подлогата, поставување нов асфалт и современа сигнализација.
„Подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите граѓани,“ додаде Ружински, повикувајќи ги граѓаните да дадат поддршка за проекти кои ги поврзуваат општините.
„Заокружете го бројот 9 – за проекти што не поврзуваат,“ порача тој.
