СДК: МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЌЕ ГИ УКИНЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ПЕНЗИИ ЗА ДОАЈЕНИТЕ И ТИТУЛАТА АМБАСАДОР НА КУЛТУРАТА

/

Министерството за култура предлага да се укинат надоместоците за пензиите на доајените на културата како и титулата амбасадор на културата, во Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата. Предлогот во петокот беше објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и на официјалната страница на Министерството. Според предлогот, надоместокот кој е во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во земјава во претходната година и е околу 7.000 денари, ќе продолжи да се исплаќа само на оние што веќе го оствариле тоа право.

Меѓу 72-цата доајени и уметници кои во изминативе години добија национална пензија се Милица Стојанова, Сабина Ајрула Тозија, Благој Чоревски, Михаил Ренџов, Веле Смилевски, Раде Силјан, Рамадан Шукри, Мајда Тушар, Васил Тоциновски, Халил Зендели, Санде Стојчевски. Надоместок користеа и имиња како Вања Лазарова, Владимир Георгиевски и Љупка Џундева, кои починаа изминативе години.

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: СДК





Претходна статија

МИЦКОСКИ ЌЕ ОДИ ВО БУДИМПЕШТА ЗА ДА СЕ СРЕТНЕ СО… ОРБАН

Следна статија

СТАРОГРАДСКА МУЗИКА И ИГРА НА „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО БИТОЛА

Најново од Истакнато