| |

Ние сме Мицкови, Мицко е наш

Љупчо Куртелов

Театарската, или поточно циркуската претстава во Кавадарци заврши. Завесите се спушчени. Си “избравме” старо-нов лидер. Ептен демократски, без противкандидат. По титовски. Само шо овај му обеќа на народов дека нема да е доживотен. Доста му се 3 мандати.

18 Конгрес на ВМРО. Континуитетот е запазен. А то значит дека се надградвиме на делата на Тодор и Ванчо. Само шо тука имат мал проблем. И Тодор и Ванчо се декларирале како б’лгари. А ние од ДПМНЕ не сме. Нашиот лајтмотив е да ги мрзиме б’ лгарите. Кој појќе плукат по нив, тој е поголем “патриот”.
Мицко во својот огнен говор и се закани на Блудницата Вавилонска:
“Или ќе ги прифатите нашите услови, или немат да станвиме членови на вашиот Европејски сојуз”.
И без то за брзо ќе се распадните.
Сепак декларативно сме за Европа. Само на думи, демагошки, како прави политичари. Едно зборви, друго прај. Даваме змигавец кун Брисел, а гас” до даске” кон Белград, Будим (к’ј нашиот патрон) и задна пошта Москва.
Господ да ни е на помош.

Богатството на ј’ зикот е во дијалектите.

Слични Објави