САД ќе преземат водечка улога во механизмот за надзор на примирјето со европско учество во Украина
Соединетите Американски Држави ќе преземат водечка улога во „механизам за надзор и верификација на примирјето“ со европско учество, доколку биде постигнат мировен договор за Украина, се наведува во нацрт-декларација на сојузниците на Киев пред самитот во Париз, јавува БГНЕС.
Во исто време, Вашингтон ќе се обврзе „да ја поддржи европската мултинационална сила“ која би била распоредена во Украина по евентуален прекин на огнот, „во случај на“ нов напад од страна на Русија, се посочува понатаму во текстот.

