Економски форум за Коридорот 8 на 18 февруари во Тирана
Економски форум за Паневропскиот Коридор 8 ќе се одржи на 18 февруари во Тирана, соопшти Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, пренесе АТА.
Коридорот, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море, е дел од Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T) и ги поврзува Албанија, Северна Македонија и Бугарија, со продолжение кон Италија и Романија.
Според министерството, форумот ќе собере претставници на институциите, финансиските организации и бизнисот и ќе придонесе за забрзување на инвестициите и регионалната соработка.
„Напредокот на Коридорот 8 значи забрзување на инвестициите и обезбедување економски придобивки за регионот“, се наведува во соопштението.

