|

ВАРВИЦИОТИС: ВО МОИТЕ ВЕНИ ТЕЧЕ КРВ НА МАКЕДОНЕЦ

Во интервју за грчкиот информативен портал „GRTimes“, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис вели дека неговата мајка потекнувала од грчката Македонија, додавајќи дека се чувствува оти „во неговите вени тече крв на Македонец“.


Во интервјуто Варвициотис во однос на Договорот од Преспа го повторува ставот дека владејачката Нова демократија направила сѐ што можело за да не биде потпишан и ратификуван, објаснувајќи дека ревизија на Договорот не е изводливо решение и потенцирајќи дека „Грција е земја која ги брани меѓународното право и меѓународните договори“.

Тој додава уште дека ветото не е нешто што се става лесно во Европа, но она што може да се направи е секојдневниот притисок врз Македонија на нејзиниот пат до членството во ЕУ

Слични Објави