(Видео) 3 во 1: Коридор 8, Контракоментар и Политиканти
Во најновата епизода на „Коридор 8“, македонско-бугарската седенка се поврза со уште два проекти во Youtube галаксијата. Гости беа бугарскиот граѓански новинар и активист Асен Генов, со неговиот проект „Контракоментар“ и Борјан Јовановски, познат новинар од РС Македонија, кој во моментот го води подкастот „Политиканти“, заедно со уште едно познато име од новинарската фела овде, а имено Сашо Ордановски.
Што кажаа Генов и Јовановски за изразувањето ставови во Yоutube, за предизвиците со кои што се соочуваат погледнете во видеото што следи:

