| |

Претставници на здруженија од Скопје, Битола, Охрид и Струга учествуваа на меѓународна обука за програмите „Еразмус+“ во Бугарија

Во периодот од 6 до 8 март во градот Банкја во Република Бугарија, се одржа информативен курс и меѓународна обука посветена на можностите што ги нудат европските програми „Еразмус+“ и „Европски корпус за солидарност“. На настанот учествуваа претставници од повеќе европски земји, меѓу кои и претставници на здруженијата „Балкански мост“ од Битола, „Наследство“ од Скопје, „Бисерни Бранови“ од Охрид и „Шемето“ од Струга.

Во рамки на програмата беа претставени можностите што ги нудат програмите во секторите „Младина“, „Училишно образование“ и „Образование за возрасни“, како и можностите за волонтирање преку „Европскиот корпус за солидарност“. Учесниците беа дел од работилници, дискусии и практични активности посветени на младинските политики, неформалното образование и меѓународната соработка.

Претставниците на организациите имаа можност да стекнат нови знаења, да воспостават контакти со партнери од различни земји и да дискутираат за идни заеднички проекти и иницијативи.

Учесниците упатија благодарност до организаторите за одличната организација, како и до Извршната агенција за Бугарите во странство (ИАБЧ) за поддршката и можноста да бидат дел од оваа значајна образовна иницијатива.



Слични Објави