| |

Карлос Насар ја освои четвртата европска титула во кариерата

Бугаринот Карлос Насар ја освои својата четврта европска титула во кревање тегови овој пат во категоријата до 94 кг. Насар триумфираше на првенството во Батуми, Грузија со вкупен резултат од 386 килограми. Бугарскиот шампион се закити со златни медали и во двете дисциплини – кревање и оттурнување, јавува БГНЕС.

Карлос Насар беше најдобар во кревањето со 176 килограми. Во третиот обид Карлос неуспешно се обиде да го турне светскиот рекорд во дисциплината со 183 килограми на шипката. Второто место го освои Ара Аганјан (Ерменија) со 175 килограми, додека бронзата му припадна на Хакан Курназ (Турција) со 166.

Во оттурнувањето Насар започна со 210 килограми, но обидот не му беше признаен од судиите. Потоа сепак ја совлада таа тежина. На крајот побара 223 килограми за светски рекорд во двобој, но не успеа.

Со тоа Насар веќе има злато од првенство на Стариот континент во три различни категории. Тој беше број 1 во категоријата до 89 килограми во Ереван (Ерменија) во 2023 и Софија во 2024, пред да триумфира во категоријата до 96 килограми во Кишињев (Молдавија) минатата година.

Тој има уште два сребрени медала од европски првенства – од Тирана 2022 (кат. до 89 кг) и Москва 2021 (кат. до 81 кг).

Покрај тоа, Насар е олимписки шампион од Летни олимписки игри Париз 2024 и трикратен светски шампион – Фјорде 2025, Манама 2024 и Ташкент 2021 година.



Слични Објави