|

Германија најави кратења во здравството и повисоки трошоци за пациентите

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, и вицеканцеларот Ларс Клингбејл ги претставија главните насоки на буџетот за 2027 година и планираната реформа на здравствениот систем, по неколкунеделни тензии во владејачката коалиција.

Според планот, Германија ќе штеди околу 16 милијарди евра во здравството, што ќе значи повисоки партиципации за лекови, помала државна поддршка за стоматолошки протези и воведување данок на шеќер од 2028 година.

Истовремено, буџетот за 2027 година ќе изнесува околу 543 милијарди евра, што е за 20 милијарди повеќе од претходната година, главно поради повисоки трошоци за одбраната.

Германската влада планира и дополнителни заштеди во пензискиот систем и преку дигитализација на администрацијата.

Клингбајл за влошената буџетска состојба го обвини американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека неговата политика и конфликтот со Иран негативно влијаеле врз германскиот економски раст.

Плановите веќе предизвикаа критики од социјални организации, кои предупредуваат дека мерките најмногу ќе ги погодат граѓаните со пониски приходи.

Слични Објави