| |

Кој со кого ќе разговара…

Владимир Перев 

1. 
Некаде околу средината на 1995 година се појави антологискиот текст “Кој со кого ќе се помирува“ на Љубчо Георгиевски, тогавашниот неоспорен лидер на ВМРО ДПМНЕ и следниот премиер на Македонија. Во текстот стручно, историски и дијалектички беа разгледани состојбите околу двете теченија на историското ВМОРО (врховисти и централисти), поточно речено околу ВМРО и борбата мегу ткн. левица и десница во Организацијата, меѓу оние кои (слободно толкувано) биле за социјализам или “фашизам“. Ова е мое упростено, но суштинско гледање на ситуацијата во тоа време. Основната теза беше дека нема национални разлики меѓу членовите на двете теченија, дека сите во основа се препознавале себе си као бугари, туку дека се работи за всадени идеолошки поделби, како продукт на влијание на странски фактори. Тоа биле идеолошки определби кои требало да влијаат на нациналното себепрепознавање на македонците и на ВМРО воопшто. Последиците ги чувствуваме до денес. 

2. 
Текстот на Георгиевски беше нашироко прочитан, но реакциите беа слаби, молчаливи и стишени. Македонија сеуште не знаеше по кој пат ќе се движат нештата, но неколку месеци подоцна во партискиот гласник се појави пасквилот “Чакам те да дојдеш“, еден непотпишан текст, во кој се осудуваат и иронизираат ставовите на идниот премиер и се говори за “единството на македонската волја“ во новата држава и новото време. Тоа беше текст (непотпишан) на млада група членови на ДПМНЕ, текст инспириран од мрачните пазуви на УДБ-а и напишан од некои личности, тогаш блиски на лидерот Георгиевски. Таа група на “младотурци“ стави крај на семоќната власт на лидерот, за потоа, низ времето кое дојде, да се вклопи во новото “ре-национализирано/де-национализирано/де-бугаризирано/македонизирано“ ВМРО и да заземе функции во државата и партијата. 

3. 
Новата власт во Бугарија, оглавена од Румен Раде се наоѓа на крстопат, околу желбите и надежите да се разрешат нејаснотиите со Македонија, од една страна, и желбата на македонското раководество  да изврши некаков “преврат“ во бугарската политика, од друга страна. Тоа е македонското видување на состојбите, проткаено се желба за промена на бугарската политика кон Северна Македонија и бришење на позициите зацртани во Договорот за пријателство и добрососедство како и во Вториот протокол. Во нашироко раскажуваните желби на македонските раководители за “нови средби и договори со веќе стабилната политичка влада“ во Бугарија, се крие стапицата за изнудување на некакво национално предавство кон интересите на бугарите во Северна Македонија. Насмеаните ликови на македонските највисоки раководители и свенливите желби за “нови средби и разговори“ се бледа репетиција на подлостите на своите најблиски од ДПМНЕ кои ги доживеа Љубчо Георгиевски. Тоа е старата, релативно успешна пракса на вмровските национално флотантни кадри. 

4. 
Тие и такви предлози не можат да минат ниту кај Румен Радев, ниту пак кај министерката за надворешни работи Велислава Петрова Чамова. Бугарското општество, после повеќе денеции е едногласно во барањето за почитување на правата на бугарите во Северна Македонија и за нивното учество во власта. Тоа се зацементирани позиции на Бугарската академија на науките, на македонскиот научен институт и верифицирани од сите партии во бугарскиот парламент. Одамна, многу одамна во Софија се надминати амбициите на ставовите од “Кој со кого ќе се помирува“, за да се надминат и позициите дека некој “умен, надобуден и амбициозен, алчен за власт бугарин/бугари“ ќе се понуди да напише текст од типот на “Чакам те да дојдеш“, девалвирајќи ја политиката на актуелната и на претходните влади…тоа за Софија е одамна минато време. 

5. 
Треба да се потсетиме на времето кога Теодора Генчовска беше министерка за надворешни работи на Бугарија и во неофицијален разговор истакна дека “промената на Уставот на Северна Македонија, во кој ќе бидат внесени и бугарите, треба да биде направен така, да се одбегне мајоризација на нациите…следствено, во набројувањето да се почитува азбучниот ред и би следеле прво албанците, потоа бошњаците, па бугарите и така натаму. Тоа би било единствено праведно, како и внесувањето на сите нации во работниот дел на Уставот.“ Значи, треба да има суштинска, а не само козметичка промена на највисокиот македонски акт. Во тоа време, Велислава Петрова Чамова беше заменик министер на Генчовска. 

6. 
Историјата со “младотурските“ преврати денес би била, наместо драма, вистинска фарса – барем така вели Маркс. Идејата дека со изјави за разговори во време на “добрососедски односи и стабилна политичка влада“ е само флоскула за заматување на реалноста и промена на оптиката на видување на состојбите. Македонските првенци знаат дека тоа се нереални очекувања, ама се трудат барем да се опробаат во светот на политичкото шарлатанство. Знаат дека тука нема помош, ама “надежта последна умира“. 

Да, ама тоа се однесува и на македонските бугари и тие веруваат во “бесмртноста на надежта и коректноста на политиката на Софија кон нив“. 

Одамна помина времето кога Љубчо Георгиевски беше распнат на крст во името на фалшивата национална идеја и приклонувањето кон излитените српски насоки за единството и братството на југословените. Тоа е минато време, како за македонските бугари, така и за бугарските политичари. 

Решението брзо ќе го видиме! 

Слични Објави