Над 630 илјади евра собрани на хуманитарниот концерт на фондацијата „Лили Иванова“
Над 630 илјади евра беа собрани на синоќешниот хуманитарен концерт на фондацијата „Лили Иванова“ во поддршка на здравствениот фонд на Сојузот на артистите во Бугарија, јавува БНТ.
На сцената настапија дел од најомилените бугарски изведувачи и ја кренаа публиката на нозе. Со собраните средства ќе биде помогнато лекувањето на актери и уметници на кои им е потребна помош.
