|

Претседателот на Собранието Гаши со парламентарна делегација во работна посета на Берн

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација составена од потпретседателите на Собранието, Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, претседателот на работната група за Етичкиот кодекс, Миле Лефков, како и генералната секретарка Марина Димовска, од 11 до 14 мај 2026 година ќе оствари работна посета на Берн, Швајцарија.

За време на посетата, делегацијата ќе одржи билатерални средби со претседател на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација,Пјер Андре Паж, со раководството на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), како и работни сесии посветени на парламентарната етика и Етичкиот кодекс за пратениците.

Посетата се реализира со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и меѓународниот партнер НДИ, во рамки на соработката за унапредување на интегритетот и парламентарните стандарди.

Слични Објави