| | |

(Видео) Д-р Врабевски: На младите им е потребна енергијата на историската меморија

„Обидувајќи се да фрлиме малку повеќе светлина врз херојството, врз нашето минато, за да можеме да имаме малку повеќе мотивација во нашата сегашност, се обидуваме преку заеднички чествувања, преку пишување учебници, преку семинарски активности да вратиме дел од меморијата, бидејќи на младите луѓе им е потребна таа енергија.“ Ова го изјави во емисијата на БНТ „Денот започнува со Георги Љубенов“ д-р Милен Врабевски, бугарски бизнисмен, филантроп и претседател на фондацијата „Бугарска памет“.

Последниот голем настан беше пред само неколку дена – на 6 мај, на Ѓурѓовден, Денот на бугарската армија и на храброста. По 20-ти пат во Ново Село, во Република Северна Македонија, на воениот меморијал, реставриран и одржуван со лични финансиски средства на д-р Милен Врабевски, беше одбележан Денот на храброста. Повторно стотици граѓани им оддадоа почит на 71 бугарски војник, кои загинале во војните за национално обединување.



Слични Објави