| |

Во БКИЦ-Скопје со изложба и детска програма беше одбележан 24 Мај- Денот на бугарската азбука и словенската писменост

Во Бугарски културно-информативен центар во Скопје на 14 мај беше одбележан Денот на бугарската просвета, култура и словенската писменост – 24 Мај, со патувачката изложба „Заедно по патот на Кирил и Методиј“, арт-инсталацијата „За буквите“ и програма подготвена од учениците од неделното училиште „Здравеј“, јавува БТА.

Инсталацијата „За буквите“, создадена од „Духовно огледало“, содржи 32 чадори со букви од кирилицата и глаголицата и нивното значење. Делата се изработени од деца на возраст од 5 до 15 години од уметнички школи во Бугарија.

За празникот беа изложени и шарени фигури на петли, изработени од младинци од Бугарија, Северна Македонија, Италија и Украина во рамки на проект по програмата Еразмус плус за 2025 година.

Патувачката изложба „Заедно по патот на Кирил и Методиј“ е заеднички проект на интернет радиото Татковина и бугарски неделни училишта од Грција, Турција, Италија, Унгарија и Чешка. Таа содржи 56 панели со букви графички претставени од деца и досега била изложувана во повеќе европски градови, како и во Казахстан и во Бугарија.

„Кирилицата со која се служиме е потсетник дека азбуката подарена од солунските браќа е жива и денес. Таа нè поврзува и се пренесува низ генерациите“, изјави директорката на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Антонија Велева.

Слични Објави