| |

100.000 тома и грчки и словенски ракописи од IX век се наоѓаат во центарот „ Проф. И Дујчев“ во рамките на Софискиот универзитет

Центарот за славјанско-византиски проучувања „Проф. Иван Дујчев“ при Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ веќе 40 години претставува единствено научно средиште што ги обединува проучувањата за словените и Византија во сите аспекти на нивното културно-историско постоење. Според директорката проф. Васja Велинова, ваков центар нема никаде во светот, пишува 24 часа.

Центарот е сместен во поранешниот дом на истакнатиот бугарски историчар и медиевист проф. д-р Иван Дујчев, кој имотот, библиотеката и личната колекција ракописи му ги завештал на универзитетот со идеја да се создаде научен центар. „Во текот на целиот живот професорот ја бранеше идејата дека словените и Византија се неразделни – културно, религиозно, економски и политички“, истакнува проф. Велинова.

Основан со поддршка на фондот „13 века Бугарија“ и Софискиот универзитет, центарот денес располага со библиотека од речиси 100.000 тома, значително збогатена со донации и откупени научни збирки.

Во него се чува најголемата колекција грчки ракописи во Бугарија, од IX до XIX век, како и бројни словенски и бугарски ракописи. Центарот има и лабораторија за конзервација и реставрација, создадена благодарение на јапонски донации и експертска поддршка, со цел ракописите да се зачуваат со минимална интервенција и да се заштити нивната историска вредност.

Во центарот работат осум научници, реставратор, библиотекар и архивист, а студентите по филологија, историја и културологија имаат можност да работат директно со оригинални средновековни извори. „Имаат можност да почувствуваат како се работело во таа епоха“, вели проф. Велинова.

Слични Објави