| |

ДО 2050 Г. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА НАМАЛИ СВОЈАТА ПОПУЛАЦИЈА ЗА ПОЛОВИНА МИЛИОН ЛУЃЕ

Според извештајот „Проспекти на светската популација“ на ОН, до 2050 година планетата Земја ќе ја населуваат дури 9,8 милијарди луѓе, со тоа што половина од популациониот раст ќе се случи во Африка.

Се очекува да популацијата во 51 земја или делови од светот да се намали во периодот од 2017 до 2050 година. Во неколку земји се очекува бројот на жители да опадне за повеќе од 15 отсто, вклучувајќи ги Бугарија, Хрватска, Латвија, Литванија, Полска, Молдавија, Романија, Србија, Украина.

Според прогнозите до 2100 година, Србија ќе изгуби повеќе од три милиони граѓани, а ништо подобро нема да помине ниту Хрватска.

Црна Гора од сегашните 629 илјади до крајот на векот ќе падне на 449 илјади. До крајот на векот, Словенија ќе изгуби околу 200 илјади жители, а Македонија повеќе од половина милион.



Слични Објави