Перев: „Власта во Северна Македонија се движи по директива на Кремљ“
Политиката на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, се движи „по директива и по долгата рака на Кремљ“. Ова го изјави во емисијата „Бугарија, Европа и светот во фокус“ на Радио ФОКУС, со водителката Цонја С’бчева, новинарот и публицист од Скопје Владимир Перев.
Според него, влијание врз управувањето во Скопје имаат српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Конците на Мицкоски, а пред тоа и на Груевски, којшто е политички бегалец во Унгарија ги влечеше Орбан, сега Вучиќ е главниот кој командува со Македонија. Сè е по директива и по долгата рака на Кремљ“, кој сака да распореди во балканските простори, кои сѐ уште не можат да ги прифатат новите европски методи на живеење и владеење. Тоа им е јасно и е видливо за сите“, рече Перев.
Според неговите зборови, Северна Македонија постепено се насочува кон „систем на авторитарни режими без почитување на основните човекови права“.
Перев ги коментираше и последните остри изјави на Мицкоски на адреса на Бугарија и Бугарите во Северна Македонија. Според него, премиерот користи агресивен јазик и популистичка реторика.
Аналитичарот ги поврза процесите во Северна Македонија со влијанието на Русија, Кина и Србија во регионот: „Сè е под раката на кинеските пари и руското силно влијание“.
Во однос на изјавите на Мицкоски дека е подготвен да ја плати цената во однос на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, Перев е дециден дека таа цена ќе ја платат граѓаните на Северна Македонија.
„Криминалот во Македонија е огромен, нема никаква промена. Замина СДСМ, дојде на власт Мицкоски со празното ветување, дека ќе го врати името на Македонија. Од тоа не се случи ништо. Тоа се обични лаги, кои ги плаќаат обичните граѓани, преку сиромаштијата, заостанувањето, високите цени, преку насилството на институциите врз обичниот човек. Апсолутна копија на ситуацијата во Русија на Путин, во Унгарија на Орбан и во Србија на Вучиќ “, вели Перев
Тој уште изјави дека европскиот пат на Северна Македонија е неповратен, без оглед на сегашното управување во Скопје: „Македонија е поставена на шините кон Европа со признавање не само на правата на Бугарите, туку и на сите достигнувања на современата цивилизација“.
Според неговите зборови, владејачките во Северна Македонија прават „погрешна проценка“ за силата на Европската Унија.
„Патот на Македонија е исцртан. Од тој пат отстапување не може да има“, нагласи аналитичарот.
