| |

Обвинение за убиство со умисла по тешката сообраќајна несреќа во Софија

Софиското градско обвинителство ќе го поднесе најтешкото обвинение предизвикување смрт во сообраќајна несреќа со умисла против двајцата возачи кои ја предизвикаа тешката сообраќајна несреќа со автобус на градскиот превоз во Софија, јавува БГНЕС.

Во несреќата загинаа две лица, патници во автобусот, додека уште седуммина се во критична состојба и се лекуваат во болници во бугарскиот главен град.

Виктор Чаушев, заменик-градоначалник за транспорт и урбана мобилност во администрацијата на град Софија, соопшти дека според податоците на сообраќајната полиција, починало и трето лице. Истото се наоѓало во едно од возилата што ја предизвикале несреќата.

Според истрагата, двајцата возачи учествувале во нелегална улична трка и управувале со брзина поголема од 150 километри на час. Тие ќе бидат обвинети за предизвикување смрт во сообраќајна несреќа со умисла.

Обвинителството ќе го продолжи нивниот притвор за 72 часа и ќе побара од судот да им биде изречена мерката затворски притвор.

Досега е утврдено дека во едното возило се превезувале двајца браќа, а во другото тројца мажи. Од сите се земени крвни примероци и ДНК материјал.

Слични Објави