| |

Европскиот парламент застана зад бугарската позиција- организирањето провокации на граничните премини ќе ни нанесе штета*

Елисавета Белобрадова

Денеска Европскиот парламент го одобри годишниот Извештај за напредокот на Република Северна Македонија, при што целосно застана зад позициите на Бугарија. Можеби за првпат толку непоколебливо. За тоа придонесе и единствената позиција на сите бугарски пратеници во Европскиот парламент, како и интензивното објаснување на нашата позиција во последните години, што, за жал, не се случи навреме и не се случи како што требаше.

Извештајот ја констатира неможноста и неподготвеноста на Република Северна Македонија да се справи со своите внатрешни проблеми, како и упатува остри забелешки за овој недостиг на напредок. Сите текстови што лобистите на РСМ се обидоа да ги отстранат од извештајот останаа. И тоа сосема логично на фонот, на запалените само пред ден-два дипломатски автомобили пред амбасадата на Бугарија во Скопје, што е недозволив чин и уште еден доказ дека станува збор за системско всадување омраза, која, покрај сè друго, властите во Република Северна Македонија дури ни не се обидуваат да ја спречат. И сега ги жнееме резултатите.

Усвојувањето на извештајот става крај и на уште една манипулација на властите во Скопје, имено дека Бугарија има некакви бескрајни претензии што секојпат ќе се менуваат. Всушност, Бугарија не е страна во овие преговарачки односи, туку самата Европска комисија. Таа повторно потврдува дека, доколку бидат исполнети барањата за внесување на Бугарите во Уставот на РСМ, веднаш ќе биде организирана меѓувладина конференција.

Досега однесувањето на Бугарија е единствено, мирно, урамнотежено и зрело — како на една демократска држава. Секакви организирани провокации на граничните премини, кои имаат цел да внесат уште повеќе хистерија, омраза и напнатост, ќе бидат од огромна штета за нашата засега разумна и смислена позиција.

*Насловот е на редакцијата



Слични Објави