Заврши мултинационалната вежба „Thracian Blade 2026“ во 24. авиобаза на бугарските ВВС
Во периодот од 1 до 19 јуни 2026 година, 24. авиобаза беше домаќин на мултинационалната заедничка летачко-тактичка вежба „Thracian Blade 2026“, јавува инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана.
Под покровителство на MHTC и раководство на Военото воздухопловство на Република Бугарија, во текот на три недели заеднички тренираа персонал и воздухопловна техника од Бугарија, Австрија, Белгија, Србија, Словачка, Словенија и Швајцарија.
Главната цел на вежбата беше унапредување на оперативната соработка меѓу земјите учеснички, подобрување на планирањето и изведувањето заеднички летачки операции, како и зголемување на подготвеноста за дејствување во мултинационална средина.
Фокусот беше ставен на воздушни операции при реалистични сценарија, во кои, покрај летачките формации, учествуваа и структури на Воената полиција, Копнените сили, Военомедицинската академија и Силите за специјални операции.
Вежбата заврши успешно, а сите поставени цели беа исполнети во целост. Според оценките, постигнатите резултати го потврдиле високото ниво на подготовка на учесниците и ги зајакнале нивните способности за заедничко дејствување во мултинационална средина.
