| |

ДОКТОРЕ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ЗОШТО ВАКА?!

Почитувани граѓани, ве замолувам да ме читате внимателно, сакам да ги почувствувате мојот гнев, тага и огромно разочарување. Ве замолувам да ја погледнете следната слика и посебно да посветите внимание на часот. Оваа слика е од претходниот ден.

Сега ве замолувам да ја погледнете следната слика. Мерењето е направено само еден час подоцна.

Ги погледнавте?! Е сега одиме на следната која е направена само 2 часа по втората!


Во 00.00 часот односно на полноќ веќе не ни можеме да дојдеме до податок.

Овие слики драги мои ја покажуваат загаденоста на градот под Mарковите кули -Прилеп. Податоците кои се прикажани се повеќе од загрижувачки. Ние имаме колективно труење!

Сограѓани мои, нели нашиов актуелен градоначалник, Илија Јованоски е доктор?! Без разлика за што специјализирал веројатно на општа медицина имало некој дел каде што учеле како, колку и кои се последиците доколку човекот е активно подложен на загаден воздух! Како татко на градот, сметам дека нашиот градоначалник треба под итно да најде решение за овој проблем. Ако не може да најде решение да најде некој кој знае како и веднаш да започнат со работа! Ако и за тоа не го бидува под итно да си даде неотповиклива оставка! Ова е за прогласување на вонредна состојба! Дали сте свесни г. Илија Јованоски?!

Зошто сите молчат не можам да разберам само?! Почнувајќи од нашиот градоначалник, до Венко Филипче до Зоран Заев, абе до сите вие што ги топлите удобните фотелји!!! Нема да не заштитат маските за дишење, нема да не заштити непроветрувањето, нема да не заштитат поскапувањата на горивата и намалувањето на градските автобуски карти!!! Морате да почнете да мислите за брзо и ефикасно решение. Ништо не е поприоритетно од ова. Се гушиме господа!!! Се разболуваме!!! И ајде ако не ви е грижа за нас, зарем не ви е грижа за вашите деца, внуци? Или нив во странство си ги испративте?!
Еве го вашето ЌЕ! П’у ј’зк не знам со која совест спиете!

(Сликите се земени од женската група „Прилепчанки на кафе муабети“)

Автор: Елизабета Најдоска Величкова


Слични Објави