| | |

(Видео) Воените гробишта во македонското Ново Село го олицетворуваат бугарскиот идеал за обединување

Претставници на бугарското Министерство за одбрана положија венци и свежо цвеќе на бугарските воени гробишта, кои се наоѓаат на територијата на селото Ново село во Северна Македонија, јави БГНЕС.

Во церемонијата учествуваа претставници на Сојузот на ветераните, питомци од ВВВУ „Георги Бенковски“, претставници на Гвардејскиот дувачки оркестар, како и бугарскиот генерален конзул во Битола, Петар Петров.

„Се наоѓаме на територијата на едно бугарско светилиште“, изјави Радослав Симеонов, главен експерт во дирекцијата за социјална политика и политика за военопатриотско воспитување во Министерството за одбрана.

„Ова е второто наше воено гробиште во РСМ, кое беше обновено од бугарски родољуби“, рече уште Симеонов и нагласи дека на територијата на Северна Македонија има над 480 бугарски воени гробишта. За жал, повеќето од нив не се во добра состојба.

Службеникот на Министерството за одбрана додаде дека тука се погребани 71 бугарски војник, загинати за време на Меѓусојузничката и Првата светска војна.

„Ако ги разгледаме гробовите, ќе разбереме дека тука е претставен нашиот неостварен идеал за национално обединување“, нагласи Симеонов.

И навистина! Кога човек чекори по алејата меѓу спомен-плочите, ќе види дека тука се погребани луѓе од Мизија, Тракија и Македонија. Има и двајца локални жители, од Ново село, кои се бореле во бугарската армија. Неописливо е чувството што човек го доживува кога ќе види дека тука се погребани негови земјаци, кои го дале својот живот за слободата на Македонија.

Радослав Симеонов ја раскажа љубопитната историја за спасувањето на гробиштата од денационализаторската политика на диктаторот Јосип Броз Тито. Градоначалникот на селото објавил дека гробиштата се српски, бидејќи тука се погребани двајца српски жандарми. Така местото за покој било спасено од канџите на комунистичката власт во Македонија.

Гробиштата се обновени во 2006 година, а денес крстовите изгледаат како при нивното поставување за време на Првата светска војна.



Слични Објави