| |

Бугарска советничка во Велика Британија повика на поголема активност на дијаспората

Бугарката Ивелина Бањалиева, избрана за општинска советничка од Конзервативната партија во Питерборо, Велика Британија, ги повика своите сонародници поактивно да се вклучат во локалниот општествен и политички живот, пренесува БНР.

Во интервју за „БГ БЕН“, таа истакна дека така бугарската заедница ќе има посилен глас, додавајќи дека за неа „политиката не е титула, туку служба“.

Бањалиева, која има 38 години и е родум од Карлово, го смета својот избор за можност да работи за луѓето и да покаже дека Бугарите можат да бидат почитувани и активни учесници во државите во кои живеат.

Таа има над 15 години искуство во управување со проекти и лидерство и е коосновач на Zi Foundation, организација што поддржува социјални и културни иницијативи за локалните заедници и бугарската дијаспора.

Слични Објави