| |

Димитров го совлада Беретини и се пласира во осминафиналето на Вимблдон

Бугарската тениска ѕвезда Григор Димитров се пласира во осминафиналето на Вимблдон, откако во драматичен меч го совлада Италијанецот Матео Беретини со 6-3, 6-4, 3-6, 5-7, 6-3, јавува БГНЕС.

Бугарскиот тенисер се врати на „Централниот терен“ првпат по минатогодишната повреда против Јаник Синер, кога беше принуден да се откаже иако водеше со два сета. По мечот Димитров истакна дека тоа искуство било силна мотивација за него и можност да ја „напише“ својата приказна на овој терен.

Димитров одлично го започна дуелот и ги освои првите два сета, но Беретини се врати во игра и израмни на 2-2. Во решавачкиот петти сет Бугаринот повторно ја презеде контролата и ја заврши средбата по 3 часа и 32 минути игра.

Со оваа победа Димитров поведе со 2-1 во меѓусебните дуели со Беретини во АТП серијата. Во следното коло ќе игра против Артур Фери, кој исто така стигна до осминафиналето по петсетов пресврт против Зизу Бергс.

Слични Објави