Започнува делото против Ива Михаилова од Кочани
Започнува делото против Ива Михаилова од Кочани – девојката за која извести БНТ.
Ива живее во Република Северна Македонија, но има и бугарски пасош. По учество во сообраќајна несреќа, таа има забрана да го напушта родниот град, и покрај потребата од лекување. Според обвинителот во делото, Ива Михајлова возела во реонот на несреќата со 84 км/час при дозволена брзина од 60 км/час и навлегла околу 50 см во коловозната лента за сообраќај од спротивна насока, со што го предизвикала инцидентот.
Одбраната, пак, ја оспорува оваа теза на обвинителството, најпрво негирајќи ги тврдењата за пречекорување на брзината. Бидејќи знакот за ограничување на брзината од 60 км/час бил поставен четири крстосници пред местото на несреќата, а на оваа делница стандардната дозволена брзина за движење е 90 км/час, според одбраната таа се движела со брзина пониска од максимално дозволената. Одбраната тврди дека вештачењата го докажуваат токму спротивното – дека не Ива Михаилова навлегла во спротивната насока, туку автомобилот што се движел спроти неа навлегол со 95–97 см во коловозната лента за движење на Ива Михаилова.
Приложено е медицинско вештачење кое покажува дека здравствената состојба на Ива Михаилова се усложнува како последица на повредите добиени за време на несреќата, бидејќи не ѝ се спроведува потребното специјализирано лекување.
Во моментов судот проценува дали да ги допушти доказите побарани од одбраната на Ива Михаилова и го сослушува ставот на обвинителството за нив. Делото можеби ќе продолжи во текот на целиот ден.
