30 потписи на иницијативата за уставните дополнувања – и Владата се врамува во темпо кон ЕУ
Ивон Величковски
Наместо демотивирачки прес-ови и сведување на ЕУ-интеграцијата на “Изборниот законик”, парламентарната “опозиција” има можност да ја врами Владата во темпо кон ЕУ. Да, за усвојување на амандманите треба 2/3 мнозинство. Но до него се доаѓа штом во Собранието ќе има и опозиција што се бори за ЕУ-членство. Во постапка од неполни три месеци. Поднесувајќи ги амандманите.
Притисокот тогаш се врти врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Влен, а не само кон Владата. Тогаш пораките од балтичките држави, Франција и другите ЕУ-членки уште појасно и поочигледно ќе разјаснат дека условите се дефинирани во Преговарачката рамка. Како што веќе сите знаат дека Преговарачката рамка е инструментот за спречување блокади на Северна Македонија, освен ако Скопје не продолжи самото да си ги наметнува.
Впрочем, иако до сега соочена со минимален политички притисок од Брисел, ВМРО-ДПМНЕ сето ова веќе го призна. Затоа Париз неделава потсети дека нема нон-пејпер за “две ЕУ-брзини”, туку за побрз пристап кон фондовите со напредок во преговорите. Останатото нема да се одвива преку медиуми. Ниту само во Скопје.
Иницијативата на ДУИ за амандманите чека потписи во Собранието. Кога веќе СДСМ не сакаше да ја покрене две години наназад. Времето за потписи е оваа недела. За ваквиот притисок од парламентарната “опозиција” ќе има само две пречки:
– Ќе мора да ги откажат годишните одмори, и
– Ќе заврши медениот месец во прес-бизнис-нво триаголникот “Бела палата”, “Бихаќка” – “Илинденска” 2.
Оти после доаѓаат ветингот и отворањето на архивите на екс-ју службите: За ослободување од “бардовите” (читај: пипците) во правосудството, партиите, администрацијата, дипломатијата, службите, медиумите, “невладиниот” сектор. Со ЕУ помош и мониторинг. За владеење на правото.
Изборот е, како и 35 години наназад:
– партиски идентитет – на раководствата или
– национален интерес на граѓаните и македонскиот народ.

