„Ice Park Sofia“ ќе стане едно од најголемите лизгалишта во Европа
Советот на Град Софија во четврток ќе гласа за нов тристран договор меѓу градските власти, Фондацијата „Софија – европска престолнина на спортот“ и „АСТ СЕРВИЗ“, јави БГНЕС.
Со проектот, зимскиот парк во Кнежевската градина треба да стане едно од најголемите лизгалишта во Европа, со површина од 9.000 квадратни метри, повеќе од еден километар ледени патеки и над 150 помагала за деца и почетници.
Капацитетот за бесплатни организирани посети на ученици од 10 до 18 години ќе се зголеми од 400 на 800 дневно. Од 10 јануари до 1 март, во работните денови ќе има по две бесплатни двочасовни сесии. Во изминатите четири години иницијативата опфатила повеќе од 18.000 деца од 50 софиски училишта.
Претседателот на Советот, Цветомир Петров, изјави дека проширувањето ќе обезбеди еднаков пристап за илјадници ученици и ќе му даде поттик на зимскиот туризам во Софија. Проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство.
