|

ДВАЈЦА ПОРАНЕШНИ КОМАНДАНТИ НА УЧК ТРЕБА ДА ДАДАТ ИСКАЗ ПРЕД СПЕЦИЈАЛНИОТ СУД ВО КОСОВО

Заменикот командант на Генералштабот на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Сокол Башота и поранешниот командант на ОВК Наим Маљоку ќе се појават денеска и утре на распит пред Специјалниот суд за воени злосторства за време и по војната од 1998-99 година во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина, пренесува Нетпрес.

Башота, според порталот „Газета Експрес“, ќе биде интервјуиран денеска во Хаг, додека Маљоку ќе се соочи со истражителите на хашкиот суд утре во главниот град на Словенија, Љубљана.

Поранешниот втор човек на Генералштабот на ОВК изјави дека отпатувал вчера за Холандија, каде што за денеска му е закажано тричасовно интервју во Специјалниот суд, чие седиште е во Хаг.

Тој порача дека е среќен што му е укажана можност да даде, како што изјави, „придонес во служба на татковината за време на светата борба на ОВК и потоа во подигањето на државните институции на земјата“.

Веста дека исто така е повикан на распит од хашките истражители, Маљоку ја објави на својата страница на Фејсбук, каде што информира дека интервјуто ќе се реализира утре и задутре во просториите на Окружниот суд во Љубљана, каде што живее, затоа што поради здравствената состојба не може да патува за Хаг.



Слични Објави