ФЕТАИ: БОРБАТА ЗА ПРАВДА ПРОДОЛЖУВА
Борбата за правда продолжува“ кажа кусо обвинителката Фатиме Фетаи на влегување во Кривичниот суд каде претпладнево треба да се одржи ново рочиште за предметот Монструм, што го водеше СЈО, јавува ТВ24.
Фетаи, заедно со нејзиниот колега од СЈО, а сега од ОЈО Гаврил Бубевски, беа овластени од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и натаму да го застапуваат овој предмет.

