| |

БЕЏЕТИ ОДБИВАЛ ДА ГО ПОТПИШЕ БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ДВАЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА „МОНСТРУМ“

Во бомбите за „Монструм“, што денеска беа пуштени за време на судското рочиште се слушаа гласовите на поранешната власт и блиски луѓе до нив. Во еден од нив, Миле Јанакиески на соговорникот му кажува дека децата биле рафално убиени, а рибарот бил убиен затоа што бил сведок.

Од разговорите се откри и оти поранешниот министер за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција до Косово за двајцата обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Се слуша и гласот на Беџети кој ѝ кажува на ексминистерката Гордана Јанкулоска дека ќе го потпише, но тоа да помине без фама во медиумите.



Слични Објави