| |

Бугарскиот национален тим по информатика, кој ќе учествува на Меѓународната олимпијада во Узбекистан, гостуваше во INSAIT

Бугарија ќе ја претставуваат четворица ученици на Меѓународната олимпијада по информатика (IOI) 2026 во Узбекистан, соопшти Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT), пренесува БТА.

На 7 август бугарската репрезентација отпатува за Узбекистан. Ден претходно националниот тим беше примен во INSAIT на покана на Илијан Јорданов, докторанд во институтот, главен ментор на репрезентацијата и член на Меѓународниот комитет на IOI. Истражувачи од институтот одржаа специјализирани предавања од областа на алгоритмите.

Во бугарската репрезентација се учениците Андреј Стефанов, Сава Делев, Кирил Зуљамски и Александар Пендов.

Стефанов, ученик во 11. одделение, третпат е дел од националниот тим и досега има освоено два сребрени медали на IOI, како и златен и сребрен медал на Меѓународната математичка олимпијада.

Делев, Зуљамски и Пендов првпат ќе настапат за Бугарија на IOI. Тие веќе имаат освоено медали на повеќе меѓународни натпревари по информатика и математика.



Слични Објави