| |

Бугарија ќе издвои 20 милиони евра за Евровизија 2027 во Бургас

Подготовките на Бургас за домаќин на Евровизија 2027 влегоа во оперативна фаза, а бугарската Влада годинава ќе обезбеди околу 20 милиони евра за организацијата на натпреварот, јавува БГНЕС.

Од вкупната сума, 15 милиони евра се наменети за потребната гаранција, а остатокот за инфраструктура, транспорт, сместување, логистика, техника и туристичка промоција. Дополнителни средства ќе бидат предвидени во буџетот за 2027 година.

Ова беше соопштено по средбата на вицепремиерот Иво Христов, претседател на меѓуресорскиот организациски комитет, со градоначалникот на Бургас, Димитар Николов.

„Бургас покажа силна мотивација и навремени активности“, изјави Христов, додавајќи дека домаќинството е можност Бугарија да се претстави пред милиони гледачи и да го промовира својот туристички потенцијал.

До крајот на годината треба да се одржи тест-концерт во салата, со учество на експерти од Европската радиодифузна унија. Ќе бидат проверени акустиката, техниката, логистиката и организацијата на објектот.

Во подготовките ќе учествуваат најмалку пет министерства, а меѓу главните предизвици се навременото спроведување на јавните набавки и испораката на дел од опремата од Кина.

„Немаме време за губење, се натпреваруваме со времето“, порача Николов и побара сите институции да се насочат кон организацијата на настанот.



Слични Објави